Стоејќи на јазот помеѓу модна база и моден грев, сандалите во своите бројни форми се едни од најдвојбените парчиња во машката гардероба. Жигосувањето на сандалите е непобитно и можеби дури и оправдано по децении на злоупотреба, но со летната гардероба балансирањето функционира помеѓу практичноста и стилот, па тие се веројатно совршени обувки за топлото време: удобни и убави и пријатни.
Ако се суди според колекциите за пролет-лето 2014, се чини дека индустријата е решена да ги прогрласи сандалите за обувки прикладни за секоја овосезонска силуета. За разлика од претходните години, не се форсираат само моделите на авангарди гладијаторки, а оваа сезона сандалите заземаат многу понослива форма што овозможува тие да бидат посакувани од повеќето мажи.
Оваа година мажите треба да заборават на полувисоките варијанти претходно дефинирани како модерни и да се фокусираат на поносливи во комбинација со разголените силуети. Без разлика дали ќе бидат во комбинација со ленени панталони или класични шорцеви и поло комбинации, сандалите се солидна и разновидна алтернатива на сеприсутните еспадрили и бродарици.
Нема коментари