Без разлика дали преферираат спортски, елегантент или боемски имиџ, на моден план мажите оваа зима имаат еден заеднички именител-класичен капут. Дизајнерите и модните куќи нудат модел скроен по ќеф на секој маж. Примероците се удобни, топли и со модерна нишка. Најзастапени се капутите во сива и во камел-нијанса. Доста се барани и моделите во темносина и црна боја, а најхрабрите се одлучуваат за нешто посмели бои, како црвената, портокаловата и жолтата. Кроевите се класични, со мала дискретна јака и со нагласени рамена. Дел од нив се припиени за телото, но поголемиот број се со голем волумен .Кратките модели оваа зима се заменети со долги капути. Како додатоци најчест избор се шаловите и шапките, кои овој пат се во посмирени тонови. Се носат со беџови и брошеви, како украс. Може да ги комбинирате со патики содебел ѓон и со чизми до глужд.
Нема коментари