Покрај очилата за сонце, само мал дел од модните додатоци што ги носиме во пролетниот и есенскиот период имаат практична примена во жешките летни денови и во изгледот за на плажа. Меѓу нив се марамите, кои за време на летниот одмор може да послужат како замена за здолниште или маица додека сте на плажа, или пак како заштитник од горење на вратот и рамениците. Но, оваа сезона добива поширока креативна примена како украс за на глава.
Всушност марамата е повеќе од само додаток, помага во заштита на главата од силните сончеви зраци и при собирање на косата. Може да се носи во вид на турбан, венче или околу шеширот. Ова лето трендсетерките и блогерките најчесто ја носат во ретро стил, како дебела лента , во делот над шишките врзана на горниот дел. Покрај плажата, врзанат на овој начин го комлетира летниот имиџ и во секојдневни комбинации во урбаните средини и на фестивалите.
При изборот на марама за на глава внимавајте таа да не е дебела и крекратка. Што потекна и подолга, толку подобро. Бидете похрабри и набавете со некоја впечатлива шара, со цветнови, поп-арт принт или животински дезен. Не мора шарата дезенот целосно да се поклопува со облеката.
Нема коментари