Нијансата на цветот циклама ја обои есенската гардероба и додаде игривост и вибрантност во сивилото на есенските денови. На модните писти, во уличната мода и кај хајстрит-бреновите, магента облеката предизвика стилска инвазија, а модните парчиња во боја на циклама со својата впечатливост ја освежија есенската гардероба. На пистата „Шанел“ , Жакемус, Питер Дандас, Vetemenst, за есен-зима 2019/20 понудија магента мода, а во оваа експресивна боја често се облекуваат ѕвездите на црвениот килим на настаните како Мет Гала и доделувањето на Оскари. Оваа нијанса во која се помешани пурпурновиолетови и црвени тонови, ќе ја пронајдете и во актуелната понуда на колекциите на брендовите „Манго“, „Зара“ и „Бершка“.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари