Сезонско продолжение на едно од најактуелните парчиња изминатите пролет и лето, краткиот топ, се кусите џемпери. Тие покрај стилската, украсна улога, имаат и практична страна, нудат топлина во урбаниот модерен изглед. Волнените кроп-блузи може да се комбинираат на повеќе начини и секогаш да изгледаат ново, свежо и трендовски. Најчесто ова парче се спојува со подолги долни делови, панталони, хеланки, здолништа и здолништа-панталони.
Со фармерки со висока половина
Кога ќе се спомене кратка маица во зимно време веднаш се помислува на голото стомаче и на неудовноста за време на студените денови. Но стилистите предлагаат, за да избегнете настинки и проблеми со половината, да изберете модели со висока половина. Посебно интересно одговараат високите фармерки во сите форми, без разлика дали станувазбор за припиени за ногата или широка верзија. Оваа комбинација , пак, може да се смета за една од најбазичните и поволни за надополнување со интересно палто, капут, јакна, и со впечатливи чанти и чевли.
Со ретро-панталони
Моделите на панталони што се носеле во 60-тите и 70-тите, особено широките парчиња, се едно од најтрендовските парчиња оваа сезона. Покрај блузите со нагласен волумен, кошулите и палтата, тие соврено прилегаат со кроп-џемперите. Доколку панталоните се со каро-чара или со некојдруг принт, изберете еднобоен но впечатлив топ. Тоа може да биде и џемперче со впечатлива плетка. Не плашете се да комбинирате со некое интересно сако или пончо.
Кошула под краткиот џемпер
Кошулите, без разлика дали се класични бели модели, карирани или со некоја впечатлива боја, може да послужат како иделна основа за под кусите џемпери. Кошулата ќе го покрие разголниот дел, но и ќе ја надополни проказната почната со џемперот, или ќе биде совршен спој со долниот дел од облеката. Доколку имате еднобоен џемпер, може да експериментирате со кошули со притнт. Се препорачува бела , тексас или црна кошула ако имате шарен џемпер или кроп-топ со некој принт. Акцентот може да биде ставен на горниот делод облеката, така да може да изберете некое подноставно парче за долниот дел од облеката. Подолгите кошули често се добар избор и доколку носите шорцеви или кратко здолниште. Ја ублажува нагласената разголеност.
Со молив здолниште
Девојките до добра линија на телото и тие што сакаат малку урбана елеганција кратките џемпери може да ги носат со молив здолниште. Оваа сезона доста се носат миди припиените здолништа, комбинирани со кошули, впечатливи ѓердани и со уникатни чевли и кратки чизми. На оваа комбинација може да додадете некое палто на нагрнување или кожена јакна.
Со мидиздолниште
Миси здолништата ја продолжуваат својата мода приказа и оваа сезона. Една од најдобрите комбинации ова лето беше на вакво здолните и краток топ. Оваа есен може да ги замените со миди здолниште со подебел материјал и кроп-џемпер. Во изборт на боите и шарите не треба да се ограничувате, а се препорачуваат високи потпетици и некои интересни хулахопки.
Нема коментари