Сезонава кожените панталони се издвоија како голем тренд. Ги нарекуваме кожени, но најчесто тоа се панталони од материјали кои имаат ефект на кожа, што одговара на еколошкиот пристап во модата.
Ги има во сите форми – тесни како хеланки, многу широки, во крој на paper bag панталони, со должина над глужд, па дури и со ластик во горниот дел слично како на тренерките. Најчесто се црни или во светлокафени тонови.
Се вклопуваат во есенско-зимските комбинации и складно изгледаат со џемпери, ролки и кошули, со капути и мантили, со високи потпетици, челси-чевли на платфoрма, чизми и патики.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари