Листата со модни парчиња што секогаш се актуелни и кои лесно се комбинираат и се прилагодуваат со различни стилови и пригоди е проширена со неколку модели, меѓу кои и белата кошула со пруги. Тоа едно од базичните парчиња во канцеларискиот изглед, но по завршување на работниот ден или недела добива нов живот. Засукајте ги ракавите, откопчајте некое копче и кренете ги јаките – така ќе добиете лежерна бохо варијанта од крутото бизнис парче.
Пругите може да бидат со различни дебелини, вајчесто хоризонтални, а кројот може да варира од припиен за телото, до некој број поголеми. Предниот дел може да биде покус, дозволени се длабоки изрези од краевите, разни должини на ракавите и џебовите.
Од фармерки, до шорцеви, здолништа во сите должини и форми, хеланки, молив панталони, пумпарици, здолниште панталони… списокот на парчиња со кои може да се комбинира е онолку долг колку што сте расположени и инспирирани. Оваа сезона кошулата може да биде натресита и сомек материјал, што би било идеално за во претсојните топли денови, а и е погодна и за стилизирање.
Може да додадете некој впечеталив ѓердан, вратоврска или беџови, да облечете елек , џемперче или спортска јакна-од џинс, кожен модел, бомбер , па дури и тренерка. На нозе може да носите балетанки, омилените патики, старки, потпетици, сандали…. Должината на кошулата исто така може да варира.
Некои од трендсетерките избраа и фустан модел, кој во жешките денови го комбинираат со сандали. Пругите се совршен спој на повеќе дезени и принтови, па нема да згрешите ако ја споите оваа кошула и со некоие шарено парче.
Нема коментари