Со мала панделка како врвка или поголема како марама, овој стил на кошула повторно е популарен. Позајмен од гардеробата карактеристична за 70-тите, кошулата со панделка денес се носи на сосема нов модерен начин, со ретро референци, но не старовремски. Малата панделка може да се гледа како интерпретација на машката вратоврска, но сепак е женски детаљ кој што е само инспириран од машката облека. Оние со поголеми панделки кои изгледаат дури и како заврзана марама, имаат уште поженствен ефект.
Двата стила станаа многу актуелни благодарение на идеите од колекциите на „Гучи“, Марк Џејкобс, Клое и „Сен Лоран“, а одлично се вклопуваат во разновидни комбинации, од лежерни до деловни. Интригантни се затоа што претставуваат женствено расположение помешано со машки крој и стојат добро скоро секому, а најчесто се направени од лесни материјали како свила или шифон, па може да се носат преку целата година.
Нема коментари