Големиот пролетен и летен тренд-блузи со голи рамена и со карнери ќе има свое продолжение во претстојниот есенски период со кошулите со карнери. Бохо-моделот на Miu Miu инспириран од модата од 70-тите отвори нова модна врата за сите ретро кошули со карнери, кои собираат прав во ормарите и не се осмелуваме да ги комбинираме во секојдневниот изглед.
Кошулата со издигнат дел околувратот и со лелеав појас окулу рамената можеби потсетува на креација од некој кантри филм. Но кога ќе се стави во модерна комбинација, со џинс креации, миди здолништа или со килот-панталони, ќе добие сосема нова конотација.
При претставување на есенската колекција од Miu Miu дадоа неколку колоритни комбинации, кои ги прифатија и надградија главните „актерки“ од уличната мода. Сè почесто може да ја видиме оваа шарена кошула споена со здолниште или панталони со контрасен или различен дезен и боја.
За тие што сакаат поелегантни и смирени комбинации, моделите со принт може да се носат со долно парче со смирен крој и во една боја. Овој модел на кошула може да најде практична примена не само во урбаните стајлинзи, туку и во комбинациите за во канцеларија.Овој тренд го прифатија и high street брендовите како „Зара“ и H&M и во колекциите за есен-зима 2016 понудија свои варијации со различни бои и материјали.
Нема коментари