Слободата што ја даваат патиките во движењето се надополнува на полетноста на долгите лелеави фустани што се во тренд ова лето. Макси моделите инспирирани од хипи-модата и стилот од 70-тите години, но и тесните памучни фустани- модерна верзија на креациите од 90-тите години се во модниот фокус оваа сезона.
Тие се идеално летно парче, во кои ќе изгледате модерно и дотерано во секоја пригода и во секој дел од денот. Нудат леснотија во движење. Нема потреба од додавање на било какв друг модел освен обувки, а иделна комбинација за девојките во постојано движење се патиките. Можете да изберете еднобоен модел, креација со шари или со пруги. Фустанот може да е со прерамки или по куси ракави, во зависност од приликата во која ги носите. Може да ги комбинирате со платнени патики во светли тонови, спортски модел или пак еспадрили со подебел ѓон.
Нема коментари