Не носете пастелни бои во есен?! Не мешајте црвена со розова?! Во есен се носат само земјени, неутрални, загасити и темни нијанси?! Белата не се носи во студените месеци?! Не мешајте различни бои и шари?! Цветен дезен е за на пролет?! Помина времето кога овие модни правила беа строго важечки, во добата на „Сè се носи, сè поминува“, модните познавачи ги зграпчиуваат боите и шарите во сите годишни времиња. Така и оваа сезона нека биде во знакот на колоритот, слободно носете интензивни бои и во есeн и зима, облечете пастелни тонови ако ви е мерак, разведрете ја гардеробата и пркосете им на старите правила. Инспирирајте се и од Скандинавките кои наспроти мнението дека сакаат неутрални, смирени и минималистички модни комбинации, последниве години смело носат јаки бои, многу шари и необични модни миксови.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари