Без разлика дали сте на плажа, на фестивал на отворено, прошетка во природа, на кафе со пријателите или на работното место, ова лето стајлингот може да го комплетирате со кимоно. Доследно на бохо-трендот, како и на потребата од лежерност во топлите денови, ова е идеално парче со кое едноставниот и секојдневен имиџ можете да го претворите во модерен аутфит.

Од понудата на H&M за лето 2016
Кимоното можете да го носите во комбинација со костимот за капење, со фармерки или шорц, краток топ или лежерна маичка по прерамки или кратки ракави. Одговара и врз еднобојни фустани , без разлика дали се памучни за кежуал изглед или поелегатни за на работа или за свечени пригоди.

Во колекцијата пролет-лето 2016 на „Зара“ има кимона со различни должини
На улиците на големите светски центри, како и на поголемите летни фестивали кимоното во сите форми должини и со најразлични шари е присутно со години. Ова лето има богата понуда и во продажните места на достапните high-street брендови како „Зара“, H&M, „Спингфилд“, „Страдивариус“, „Бершка“ , Pull and Bear и други. Кај нас цените се движат од 700 денари па сè до 3.000.

Богат избор на H&M

H&M

Zara

Stradivarius

Pull and Bear

Pull and Bear

Pull and Bear

Bershka

Springfield

Springfield
Нема коментари