Женствени, раскошни, романтични и впечатливи се креациите дополнети со карнери. Како што плисето ја разигра силуетата минатата зима, така карнерите му дадоа нов ритам на летниот имиџ и ја истакнуваат сензуалноста кај дамите. До крајот на летото можете да експериментирате со различни лелеави парчиња со карнери.

Карнерите може да се најдат на блузите и фустаните со голи рамена, пеплум модели како и на рабовите на краток топ
Со актуелизирање на фустаните и блузите со разголени рамена се вратија и т.н. шпански фламенго модели, и на пазарот се најдоа бројни креации со карнери. Тоа е и на врвот на листата со предлози како да ги носите карнерите до крај на оваа сезона. Блузите, кошулите и фустаните може да имаат карнери на ластикот, кој оди преку рамената, на ракавите, на пределот кај копчињата…

Карнерите може да ги вметнете и во изгледот на работното место
Тука се и креациите на едно рамо, кое исто така може да биде дополнетпо со голем карнер. Може да ги комбинирате со кежуал парчиња, како џинс шорц, сечени фармерки, ленени долги панталони, килотки, или со поелегантни креации, како долги широки машки панталони, миди здолништа и панталони. Блузите може да се и во пеплум варијанта, со карнер во долниот дел. Идеални се за комбинација со тесно здолниште или припиени панталони и доста се носени во летните бизнис-варијанти.

Заводливи во фустани со карнери
Блузите и туниките со карнери може да ги носите и со креации за преодниот есенски период, како килот фармерки и панталони, тексас здолниште или мини креација, тука се и долгите панталони и здолништа чија форма ќе ја скратите и разиграте со кратка блуза со карнери и голи рамена, или кошула со украси на рабовите.

Идеални за преодниот период и комбинација со есенски парчиња
Еден до најголите трендови ова лето, кој со сигурност ќе продолжи и следната сезона, се долгите здолништа со карнери. Ги видоме кај трендсетерките на улиците на Париз, за време на тамошните модни недели, а се во понудата и не повеќе модни куќи за есен 2016. Едно од најбараните парчиња е здолништето си ситни црно-бели каро-шари.

Долгите здолништа со карнери се хит летово, а ќе се носат и оваа есен

Карнерите најмногу се застапени кај најголемиот летен тренд- блузите и фустаните со голи рамена

Кошулите со карнери ќе се носат и следната сезона
Нема коментари