Долгиот кариран капут од новата колекција на шпанскиот бренд за секојдневна мода „Манго“ е еден од најпосакуваните оваа сезона. Познатити модни блогерки и трендсетерки како Пернил Тајсбек, Луси Вилијамс и Џоана Халпин го избраа овој кремасто-сив модел со три реда копчиња. Тие го комбинираат со фармерки и бела маичка и чизми со животински принт, со црни панталони и бела ролка, како и со мини здолниште, џемпер и мокасинки. Овој модел, што може да си го дозволи секоја девојка, може да се носи во разни кежуал и елегантни изданија, а најважно е што е волнен, топол и удобен. Под него може да носите потенки, но и дебели, плетени парчиња. Лесно се комбинира со чевли, чизми и патики, во разни бои и дезени, а ноже да носите и шапка и шал во впечатливи бои.
Нема коментари