Додека ги анализиравме стиловите уловени на уличната мода за време на актуелната Њујоршка модна недела забележавме дека се издвојуваат неутралните нијанси. Знаеме дека бежовата ќе биде главна боја во претстојната пролетна сезона, но додека да дојдат првите сончеви денови, зошто да не ги пробаме потемните земјени тонови и да го позајмиме стилот забележан на улиците на Њујорк – трендот на слоевита облека во нијанси на карамела и чоколада.
Овие тонови се супер вовед во пролетната сезона – топли и неутрални, одлично се комбинираат со црна и бела, но и со нијанси на песок, кафе лате, камила, топло чокладо и окер. Комбинациите сè уште се зимски, но модните парчиња како мантилот, панталоните и здолништата во овој тоналитет ќе ги носиме и во пролет.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари