Во пакет со враќањето на стилот од 90-тите, во секојдневната мода се актуелизираа и масивните и впечатливи обетки (со реси, бисери и асиметрични дизајни) како и обрачите за на уво. Покрај класичните округли модели со нагласена величина, оваа зима се носат и дупли форми, со метален додаток кој поминуваниз обрачот, обложени со реси и мониста, со цветен додаток или со привезоци… Се комбинира една округла обетка со други форми. Најчесто се во класичните металик, сребрена и златна боја, но има и модели со друг колорит, во зависност од додатоците. Една од предностите на округлите обетки е што одговараат со секаков стил, и се за секоја пригода, од канцелриски имиџ, преку кежуал варијанти и свечени вечерни комбинации, па сè до спортски атутфит. Се носат со сега актуелните ролки и масивни џемпери, како и со џинс јакни и тренерки. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари