Во студените есенски и зимски денови не е невообичаено да се носи топла плетена облека, но ретко е пракса џемперите и волнените креации да бидет избор за елегантни, свечени настани. Оваа сезона тоа го променија трендсетерките Викторија Бекам и Оливија Палермо, кои ги промовираа џемперите на црвениот килим. Плетивата станаа моден императив за многу девојки надвор од удобната, кежуал зона, и сè повеќе се одлучуваат да им дадат шанса во секојдневниот бизнис-имиџ, на вечерните излегувања или на посвечените настани.
Џемперите со нагласен волумен и понатаму остануваат актуелни, оваа сезона може да се носат во неколку варијанати. Омилени се со фармерки, тесни панталони и со хеланки. Оваа сезона може да ги комбинирате со марама, високи потпетици и шешир. Секако тука се и волuменосните капути, кои ја продолжуваат надградената и осовберемена гранџ- приказна од минатата зима.
Комбинацијата на џемпери со здолништа исто така не е новина, но овој пат се комбинираат долги, подебели џемпери со здолништа од нежен материјал, тантела или свила. Се носат и со здолниште со разигран крој, сирена или молив-форма . Може да се избере и некое долго здолниште со плисе или со карнери.
Џемперите се носат и со куси здолништа, целосно поклопувајќи ги, или со зимски шорцеви. Вака долгиот џемпер изгледа како да е фустан. Моделот може да се комбинира со виски и моторџиски чизми. Може да додадете впечатлив ѓердан, бунда, долго палто или капут.
Нема коментари