Љубовни пораки, стрип-јунаци, хеви-метал бендови, разни симболи, цвеќиња, птици се само дел од апликациите сошиени на џинс јакините кои се хит оваа сезона. Тексас моделите со голем волумен и ретро крој, како тој во 80-тите и 90-тите години, оваа есен покрај тоа што се украсени со метални нитни, монисти или исечени и разресени, станаа подвижни табли на разни слики и натписи. Поголемиот број нa hight street брендови веќе лансираа модели што лесно може да се прилагодат на актуелните трендовски стајлинзи инспирирани токму од модата од 90-тите со: исечени фармерки, килот-панталони, фустани со прерамки врз бели маички, плетени долги фустани и друго. Овие т.н. „џинс јакни со став“ се своевидна кежуал замена за бомбер јакните со апликациии и чекор напред во рециклирање и давање нов живот на парчињата што ги носевме пред две декади.
Нема коментари