Магазините, големите брендови за облека и модните блогери насекаде го покажуваат својот омилен развлечен и искинат џинс и го спаруваат со високи потпетици, џизми или патики. Тоа е толку разновидно и шик што тешко кој може да му одолее. Можете да ги сакате или мразите, трендот на раздрпан џинс деновиве добива сè повеќе на актуелност и станува поголем од било кога. Овој стил е во вистинска мешаница од избледнување, нитни и распарани колена во сè ,од фармерки, џинс шортсеви до палта. Извонредното тука е разновидноста. Искинатиот џинс изгледа жестоко со кожена јакна со нитни, рок-маица и моторџиски џизми, но за поженствен изглед ваквиот џинс може да се спари со пригушени тонови и високи потпетици и блејзер.
Факт е дека нема ништо поудобно од или лесно на телото од boyfriend џинсот. Од друга страна тоа е тренд кој може да се преобрази инстантно многу погрешно бидејќи е тоа изглед кој е предимензиониран, распаран, и може многу лесно од шикот на писта да премине во хаотичност.Па сепак нема место за страв. Повикувајќи се на 90-тите обновата на “бојфренд џинсот” своите најдобри интерпретации ги има во облик на лежерен, избледен и исечен џинс, најчесто со распори на колената за помодерен, современ изглед кој повеќе одговара на 2014 отколку на 501 од минатото. Осовремениот џинс сè уште може да биде зајакнат со погруби џизми или пак платформи за поавтентичен изглед без да се изгледа како паднати жртви на некои форми од некое патување низ времето. (С.Ј.Б)
Нема коментари