Ако сте во потрага по летен фустан, ѕирнете ја оваа селекција на најрелеватни стилови, бои и материјали. Тренд за лето 2020 се фустаните со волумен и балонести ракави, модели со цветен дезен или точки, секогаш актуелните бели и црни фустани, како и креациите од тенко плетиво и со прераки кои се врзуваат на грбот.
ФУСТАН СО БАЛОНЕСТИ РАКАВИ
Ова е еден од најголемите трендови на сезоната пролет-лето 2020 – фустан со пуф-ракави и игра со волумен во горниот дел. За да ја избегнете прекумерната театралност, одберете минималистички накит како додатоци. Оние кои сакаат да си играат со контрасти, ќе одберат лежерен стил и фустанот ќе го комбираат со патики или спортски сандали.
МАКСИ И СО ВОЛУМЕН
Дизајнерите оваа сезона препорачуваат да си играме со волумен и пропорции. И не станува збор само за волумен на ракавите. Тренд се долгите фустани кои што се шират од под градите или под половината. Фустаните може да бидат лежерни и за денско излегување, но и посвечени и за вечерни пригоди. Реферираат на модата од 70-тите, а и од одлично ги сокриваат вишок килограмите, што веројатно сме ги качиле за време на карантинот.
СО ВРЗУВАЊЕ НА ГРБОТ
Елегантни или сатенски фустани со гол грб преку кој се врзуваат прерамки, е добар избор за оние што сакаат микс на женственост и минимализам. Советуваме летово подетално да ги разгледате моделите не само во класични бои, туку и со светли или пастелни нијанси. На пример, комбинација од лимон-жолта или небесно сино ќе го освежи вашиот стил.
ПЛЕТЕН ФУСТАН
Секако, станува збор за тенко, трикотажно плетиво, а посебно се актуелни моделите со ребреста текстура. Се носат со тексас јакни кога е времето променливо, со мали чанти, влечки или патики.
БЕЛ ФУСТАН
Белот памучен фустан е симбол на летната сезона. За ова лето го има во разни стилови, со балонести ракави, кратки или макси, од тантела со дупчиња, од лен или свила, мини и во беби-дол стил, во лежерни и не многу комплексни комбинации. Асоцира на леснотија, романтика и свежина. Одлично се спојува со балетанки, еспадрили, ниски сандали и сламени додатоци.
СО ЦВЕТЕН ДЕЗЕН
Воопшто не нè изненадува што секоја пролетно-летна сезона имаме широк избор на цветни фустани. И што секоја сезона купуваме барем еден модел со цветен дезен. Со винтиџ изглед или модерен израз, не можеме, а да не ги земеме предвид цветните фустани како опција во пролет и лето. Со какви чевли да носите ваков фустан? Дење со сандали, влечки или други ниски обувки, навечер со сандали со високи потпетци.
СО ТОЧКИ
Точките ги повторуваме веќе неколку сезони, и сè уште ги сметаме за возбудлива шара.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари