Апликациите и везовите со цветови, налик на шарите од словенскиот фолклор, изминатава година најдоа широка примена во секојдневната мода. Покрај тоа што ги разгиграа класичните чанти и бомбер јакните, се распослаа, најпрво на џинс-парчињата, а сега и на транспарентните блузи и фустани, како и на свечените црни фустани. Тие им дадоа нов идентитет, кој е меѓу носталгичната традиционална женска облека, и актуелниот бохо-стил. Во себе имаат романтична женствена нишка, која може да се вметне во различни стајлинзи.
Голем број од high street брендовите применија ситни, но и раскошни цветни везови за оваа сезона. Во есенската линија на „Зара“ има богат избор од вакви фустани, со различни должини, но и во повеќе стилови: налик на традиционална кошула (но во црна варијанта), по прерамки, од тул, со карнери… Црниот бохо-фустан со долги воздушести ракави, извезен со цветови, пеперутки и птици е еден од најбараните модели оваа сезона. Трендсетерките и блогерките го комбинираат и како фустан, но и како туника или кошула споено со елеци, колан, хеланки или фармерки. Ви претставуваме листа со фустани во овој стил од „Зара“.
Нема коментари