Есенската мода не се сведува само на монохроматски изглед и доминација на земјените тонови
Дочекајте ја студената сезона со облека со смели шари во јаки бои, како алтернатива на вообичаената есенска мода во загасити бои, еднобојни комбинации и многу земјени тонови. За инспирација погледнете ги ѕвездите на уличната мода кои демонстрираат како се носат впечатливи принтови.
Најлесната и непогрешива опција е да изберете едно парче облека со шара и да го комбинирате со еднобојни парчиња – најдобро во неутрална боја како беж, црна, бела или сива. Исто така парчето со принт можете да го споите со друго парче во некоја боја која што ја има во шарата, за да се постигне колоритна целина. Лесна комбинација е кога применувате изглед од само едно парче облека и тоа е шарено, како на пример долг фустан со впечатлив принт.
Секако можете да изберете целосен изглед со шара – комплет од два дела, како на пример кратко сако и бермуди или долги панталони), кои се со иста ткаенина. Оние посмелите ќе комбинираат неколку шари во еден стајлинг, но за ова е потребна стилска умешност – најдобро е да ги следите фотографиите од ревии и од уличната мода за да научите како да мешате разни шари.
Нема коментари