Облечени во кожена облека од глава до петици, комбинации со панталони, сакоа и мантили од кожа, трендот на носење кожа во оваа мера не сме го виделе веројатно уште од 80-тите години. Дека кожата ќе ја носиме не само како чевли и чанти, туку и како облека, потврдија дизајнерски колекции за есен-зима 2020/21, но и фотографиите од улична мода уловени периодов. Интересно е што преовладува кожа во есенски бои како беж, бордо, драп, окер, зелена, црвена и кафена, што дава нов и свеж момент на овој тренд. Секако, да нагласиме дека доколку не сакате да носите вистинска кожа од етички причини, бирајте парчиња од екокожа и со ефект на кожа.
Нема коментари