Големиот летен тренд – блузи и фустани со голи рамена ќе добие свое продолжение и во студените есенски и зимски денови, со плетена верзија. Џемперите што ги разголуваат рамената веќе се најдоа во стајлизните на познатите модни блогерки. Покрај тоа што може да ги носите со целосно разголни рамена, стилистите предлагаат во постудените денови да ги комбинирате со маичка со прерамки, кошула или некое друго основно парче. Може да бидат споени со фармерки или кожени панталони, килот-модел, но и со долго здолниште. Долгите џемпери или џемперите-фустани со симнат горен дел може да се носат и само со хеланки или интересни хулахопки. Овие модели нудат удобен и лежерен стил, а потесните варијанти може да донесат свечен елегантен изглед.
Нема коментари