Со подемот на streetwear стилот во луксузната и секојдневната мода во прв план се издвоија блузоните и дуксерите со качулки, спорт-шик парчињата кои сега ги гледаме насекаде. Освен патиките кои ги носиме постојано, во последниве сезони во различен моден контекст ги гледаме и дуксерите. Обичните памучни блузи не се повеќе резервирани само за спортските комбинации, туку се миксаат со секаков вид на парчиња. Жените ќе ги носат во различни кежуал варијанти со џинс и патики, но и во поелегантни со здолништа и чизми со потпетици. Мажите ја сакаат спортската варијанта на дуксерите, но бираат и поавагангардни комбинации и поелегантани со капут. Дуксерите освен што се дел од спортските брендови, ги има и во дизајнерските колекции на „Баленсијага“, „Гучи“, скоро во сите хајстрит брендови што се на пазарот и кај нас, а расте и бројот на домашни брендови кои креираат блузони и дуксери со оригинален принт. Предимензионирани, со качулка или без, со натписи, деконструирани… еве какви сè комбинации се носат.
Нема коментари