Во новите колекции на дизајнерските и хајстрит брендовите тешко ќе избегнете еден тренд – блуза, топ или фустан со голи рамена. На овој начин голите рамена се ставени во прв план и подготвени за допир со сонцето. Но трендот на голи раменици не е нова инвенција. Сè што треба да направите е да побарате стари фотографии на филмските ѕвезди од 50-тите и 60-тите и таму ќе ги најдете Брижит Бардо, Грејс Кели и Натали Вуд со разголени раменици. Овој стил нуди разновидни комбинации – блузата со спуштени раменици може да се носи со фармерки, во минималистички или бохо комбинации, со патики или сандали со високи потпетици, на романтичен или кежуал начин.
Нема коментари