Текскасниот фустан можеби не е новина, ама постои некоја негова привчлечост поради која постојану ме враќаме, особено што стилистите и дизајнерите го предлагаат и за оваа пролет. Едноставен со крој на подолга кошула или во форма на туника и украсен со деликатен вез, џинс фустанот е сестран вид облека кој лесно со комбинира со различни други модни парчиња и додатоци. Креации од џинс се најдоа во модните колекции на „Гучи“ и Дона Каран, но ги има и во hight street брендовите како „Манго“ и „Зара“.
Комбинација која е совршена за наредниот период е џинс фустан, чанта за преку рамо во стилот на 70-тите, ниски сандали, шапка, ремен, темни наочари и слоеви бохо накит. Но, може да изберете и сандали на плута, кул чизмички до глужд, минмалистички накит, плик чанта со етно мотив, балетанки…
Нема коментари