Црвената боја е тренд за сезоната есен-зима 2023/24, се применува во облеката и во помала доза во модните додатоци, а сега на преминот од зима во пролет посебно се предлага тенденцијата на носење црвени хулахопки. Згодни се за овој преоден период карактеристичен со променливо време и доволно се впечатливи за да се издвоите со својот стил.
Дека станува збор за вирален тренд кој доминира цела сезона и сè уште расте интересот, зборува истражуњето на Lyst дури кое пријави 100% зголемување на пребарувањата за „црвени хулахопки“ во последните месеци. Истиот тренд е забележан на Пинтерест каде од септември минатата година пребарувањата за комбинации со црвени хулахопки пораснале за 614%.
Постојат повеќе начини како да се комбинираат црвените хулахопки – за да се издвојат во целиот стајлинг се носат со разни кратки форми на облека, со повеќе видови јакни и палта, потоа со мокасини, мери џејн чевли, балетанки, салонки и за најдобар ефект, со чевли во истата црвена нијанса. Издвоивме неколку стилски идеи.
Нема коментари