Тоа е бојата ото се комбинира совршено, секогаш e модерна, одлична e за секоја прилика, одраз е на елеганција, ненападна во иста мерка колку и предизвикувачка…Совршена. Вечна. Но, црната боја ја следи и една предрасуда-дека не е за лето. Владее мислењето дека сонцето не ја сака и дека привлекува топлина на и онака жешкото време. Црното може да се носи и во жешките летни денови, само треба правилно да се одберат парчињата во кои ќе се изгледа одлично и модерно а нема да биде потопло во нив одколку кога се носи друга боја. Само треба да се обрне внимание на неколку битни нешта.
Црната боја се согласува со сите станати бои, од пастелни, преку темните до жарките. Затоа може да се разбие монотонијата и да се освежи со нешто во конрасна боја . Црно белата комбинација е безграничен избор на можности. Чисто црниот фустан никогаш не е лош избор, но со црно-белиот преплет може да се игра до бесконечност.
Црно здолниште со бела кошула со црни пруги или пак обратно. Црн топ во комбинација со лелеаво бело паф здолниште кое е сега едно од најактуелните. Црна атлетка маица и лесно здолниште со црни риги,идеално за лежерно чуство. И каква врска има што црната ги привлекува УВ зраците кога со вакви комбинации сте забележени каде и да се појавите. (С.Ј.Б.)
Нема коментари