Ако треба да избереме некој вид на обувки во кои вреди да се инвестира, нека бидат тоа црните сандали. Тие се најразновиден и безвременски моден предлог, никогаш не излегуваат од мода и се вклопуваат во различни стилови. За вечерни и свечени пригоди тоа може да бидат сандали со високи потпетици и украсени со пердуви, модел од велур или сандали со циркони. Класика се сандалите со ремчиња, односно едноставен модел со едно ремче во предниот дел. Најконтроверзни се комбинациите на сандали со хулахопки или со чорапи, предлози кои тешко се прифаќаат и се на границата на кич, но со правилен стајлинг и став претставуваат голем тренд.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари