Без разлика дали се бели, црвени, виолетови, зелени, црни или металик, од кадифе, кожа или превртена кожа, со ластик, циркони, цветни везови, тантела или врвци, чорапа-чизмите до глужд се најносените обувки меѓу инфлуенсерките оваа сезона. Тие се истовремено трендовски, шик но и удобен и практичен модел. Во студентите есенски и зимски денови може да се носат во бизнис комбинациите, за вечерни излегувања и во секојдневни лежерни варијанти. Може да бидат со тенка полувисока и коцкаста потпетица. Таа може да е обложена со текстил, наменски ишарана со дезен, металик, во друга боја или пак пластична и проѕирна. Чорапа-чизми до глужд одлично одговараат со џинс, но и со класични панталони и здолништа. Ви нудиме листа со интересни предлози каков модел да изберете и како да ги комбинирате.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари