Дали би носеле чизми со отвори? Можеби ова прашање е застарено, доколку се земе в предвид дека оваа зима веќе се носат модели со отвоени прсти. Но дали би носеле чизими со отворени пети или со исечоци во страничните делови околу глуждовите? … На зборови, идејата е исто толку необична како помислата за чизми со отворени прсти, но на фотографија, тие стануваат сè поприфатливи и посимпатични. Враќањето на моторџиските чизми во секодневниот изглед на урбаните девојки, минатата есен, поттикна содавање на повеќе варијации на истите. Меѓу нив најкреативни и најдобро прифатени се токму чизмите со отвори. Дизајнерите на обувки направиле сличен експеримент и со високите есенски чевли и со кратките чизми, резултетот е исто така прифатли и носив.
Веројатно си го поставувате прашањето, зошто сè уште се нарекуваат чизми, кога имаат толку многу отвори, и која им е фукнцијата? Чизмите со отвори (Cut out boots) ја задржале линијата на чизмите, а отворите се доживуваат само како декор или еменет кој влегува во рамките на таа форма и не ја нарушува. Со оглед на тоа што имаат отвори, не секогаш се иделани за врнежливо и многу студено време, па затоа идеални се за меѓусезоните, како оваа. Може да се носат на боса нога, со тенки хулахопки, или со памучни чорапи. Внимавајте само нијансата да биде блиска со чизмата, за да нема голема контраст.
Вакови чевли кај нас се понудени во новите колекции на брендовите „Зара“ и „Бершка“. Кога ќе ги пробате ќе сфатите дека станува збор за класичен модел, со некласичен изглед. Тие се практични за секојдневни прошетки и движење низ град, а се добар додаток за вечерен изглед, за тие што не сакаат високи потпетици. Може да се носат со здолништа, фустани, но и со тесни панталони и хеланки.
Многумина може ќе речат дела ова е модел идеален за модните жртви, кои по секоја цена набавуваат парчиња што се во тренд, а без притоа да ги согледаат нивните долговечност и корисност. Но, ако сте за удобен и урбан изглед, ова се модели што долго ќе се вртат во вашите модни стајлинзи. Тие одлично поминаа во уличната мода и се едни од омилените на модните блогери. За време на неодамнешните модни недели во Милано, Лондон, Париз и Њујорк, голем дел од трендсестерите се појавија со вакви чизми.
Моторџиските чизми, оксфордките и моделите инспирирани од машките чевли многу често се поврзуваат со три типа на изглед, андроген, колеџ и оној инспириран од модата од 40-тите години. Заради крутоста може да му дадат малку помажеснтвен изглед на вашиот имиџ. Но одамна не се гледа толку црно-бело на овие модели, тие може да влезат во романтичен и женствен стајлинг. Доколку направите баланс на парчињата, но и ако ги носите во вистинските прилики, тогаш cut out boots нема да ја отсечат врската со девојката и жената. Напротив, тие ја охрабруваат да биде тоа што сака и да се чувсува модерно и практично во текот на целиот ден (А.Н.)
Нема коментари