Желбата да се создаде нов, интересен дизајн на омилениот моден додаток на дамите – чевлите, повеќе светски модни куќи ги натера да направат посмели чекори. Па така, во секојдневната мода беа инфилтрирани влечки со крзно, патики со платформа, кломпи со циркони, балетанки со метални нитни, потпетица на подесување, чизми со отворени прсти и пета… Беа прифатени патиките за трчање како елегатно парче за секојдневен изглед, сандалите како модел и за в зима, носени со чорапи и хулахопки, а чизмите како дел од летниот аутфит. Затоа не изненадува што токму на тоа поле, кај чевлите се водат најголемите битки за придобивање на нови клинети и следбеници.
Последни во листата на новитети кај обувките се примената на модел со В-изрез. Несомнено, и околу овие чевли ќе има дискусија, за и против, дали ја разубавуваат или огрубуваат ногата, дали се удобни или тешки за чекорење? Овој модел може да се забележи на улиците на светските центри за време на актуелните модни недели, а застапени се и во пролетните колекции на повеќето hight street брендови.
Овој модел е навраќање на сличните обувки од 60-тите години.Го покриваат цело стапало и се со шпицест врв и висока потпетица. Може да бидат и со подлабок изрез или со отвореи прсти. Најесто бирана боја, покрај црната е белата. Тие му даваат интересен финиш на стајлингот, пожелно е да се носат со здолништа и панталони кои се над глуждот, за да се види ефектот.
Нема коментари