Ден поминат во пижами за повеќето е идеален ден. Удобноста и слободата што ја нудат овие парчиња облека не може да се заменат со ниеден трендовски модел, особено во часовите после напорниот работен ден. Трендсетерките од уличната мода и досетливите умови од модната индустрија најдоа начин како оваа креација за по дома или за спиење да се примени во секојдневниот изглед, па дури и да изгледате елегантно и модерно. Веќе неколку сезони блогерките носат сволени комплети, со крој и шара налик на пижами. Повеќето потсетуваат на клссичните машки модели, кои кога ќе се комбинираат со соодветни детали, изгледаат секси и отмено.
Пижамите што се носат на дневна светслина се изработени од свила или сатен, и најчесто се дводелен комплет, со горен дел што се закопчува како кошула. Најчесто се носат модели со пруги, со повторувачки принт или со цветен дезен, налик на кимоно. Доста се популарни темносините модели со шари и белите со црни линии. Има и такви што носат и свилени пижама-комбинезони.
Доколку сакате да доловите поелегантен и свечен изглед, комбинијајте со сандали на висока потпетица, со ракошен или долг ѓердан, и со клач чанта. Под горниот дел облечете свилена маичка со прерамки или со тантела која ќе надѕира. Ако сте за посекојдневен изглед, совршен спојт е со еспадрилите и патиките на платформа. Важно е долниот дел од пижамата да налегне над стапалото и да се добие полежене натресит изглед. Во горниот дел може да комбинирате со маичка по кратки ракави, или врз креацијата да облечете кожена јакна, бомбер или модел од џинс.
Повеќето парчињата од овие комплети ги комбинираат и до други парчиња. Горниот дел во улога на кошула или наметка може да се носи како кошула или кимоно врз други креации, а долниот дел носете го како широки панталони во комбинација со џемпер, блејзер или бомбер јакна. Може да комбинирате и со сега доста актуелните блузи со голи рамена или кошули со карнери. Најносена е варијанатта со памучни маички по кратки ракави или бендовски блузи.
Нема коментари