Со доаѓањето на зимата ја облекуваме најтоплата облека и горниот дел секогаш е јакна полента со пердуви или капут. А кога сме кај капутите, оние обоените во бежови и светлокафени тонови се модна класика. Никогаш нема да погрешите со беж капутот, секогаш е во мода и се вклопува во различни стилови. Се носи со ролки и кошули, со црни комбинации, со фармерки или елегантни панталони, врз фустани или здолништа, одлично се вклопува со црвени или виолетови парчиња, се комбинира и со патики и со чизми со тенки потпетици и со груби војнички модели или со било кои чизми што се тренд таа година.
Во модата ги среќаваме и под називот camel coats, што би значело капути во боја на влакната на камилата, како објаснување за конкретната нијанса на капут. Во последниве сезони беж капутите се долги и со широк крој, а оваа зима забележавме враќање на капутите со крој карактеристичен за 80-тите години. Бежовите капути се модерна класика и проектираат префинет, секси, кежуал, шик, вечерен изглед, зависно од вашето расположение и комплетниот стајлинг.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари