Топли, удобни, женствени и трендовски се бундите, елеците и модните додатоци изработени од вештачкото крзно. Оваа зима тие се едни од најносените модни парчиња меѓу модно освестените поединци и љубителите на животните. Бундите се кратки и со нагласен волумен.
Голем дел се во базични тонови, кои наликуваат на вистинско крзно (бела, сива, кафена, црна), но сè почесто се среќаваат и бојадисани и шарени модели (виолетова, зелена, сина, розова и други бои). Тие сами по себе се голем украс на телото, па не мора да се комбинираат со некои впечатливи додатоци. Доволна е некоја интересна капа или шешир, за да се изгледа модерно.
Идеални се за вечерните излегувања, кога носите потенка облека, а наоѓаат широка примена и во секојдневната улична мода. Тука се и елеците изработени од вештачко крзно кои може да се носат и врз други пократки палта. Нив може да ги комбинирате со некој колан. Вештачкото крзно се среќава и како додатен елемен кај некој капут (ракави или окулувратник) или кај чизмите. Од ваков материјал често се изработени и модните додатоци, капи, шал или топлач за раце.
Нема коментари