Блузите и фустаните со разголени рамена, кои лани направија голем камбек во колекциите на популарните модни брендови, ова лето добиваат нова верзија-дополнети со прерамки. Горните парчиња облека разголени претежно во пределот на рамото и горниот дел од раката се инспирирани од романтичните бохо кошули од 70-тите. Тие се малку поурбана варијанта од моделите со целосно разголи рамена кои ги носевме минатото лето, и сега може да најдат примена и во стајлингот за на работа. Најчесто тоа се блузи, кошули и фустани со процеп на рамото или нежен лелеав исечок . Овие модели често имаат каренр, но може да се дополнети со црвци, тантела, панделка, како и со некој вез. Кај блузите со подолги воздушести ракави исечокот може да биде само во годниот дел, но и долж целата рака. Лелеавоста и асиметричноста на блузите и густаните со голи рамена се иделани за покривање недостатоци, или за драматичен вечерен изглед.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари