Женските костими се класик во облекувањето и задолжителна комбинација за во канцеларија, а во топлиот период сакаме да ги носиме во омилените пролетни тонови – светлокафените и бежовите. Монохроматските костими повторно се враќаат во мода, сезонава се популарни оние во беж боја, но кроевите се сосема нови и неочекувани – широки панталони, предимензионирани и долги сакоа, екстремно висока половина на панталоните, стилови кои не се само за деловни пригоди, панталони потфатени со ремчињата од сандалите…
Нема коментари