Блузите и фустаните со голи рамена беа најголемиот пролетен и летен тренд минатата година. Овие ретро модели беа опсесија на блогерките и следбеничките на трендовите, кои ги носеа како ударно парче или во комбинации со своите омилени сезонски креации. Иако е очигледно дека голите рамена ќе се носат во потоплите денови и оваа година, пред сè благодарение на сè уште големата актуелност на карнерите, сепак од брендовите за секојдневна мода доаѓа соодветна замена.
Со враќање на модата од 80-тите, голем камбек направија нагласените ракави: во ѕвонеста форма, со карнери, високи рамена или пак со балонест изглед. Според модните познавачи, токму балонестите ракави оваа топла сезона ќе ги заменат голите рамена. Станува збор за ракави кои наликуваат на издишан балон, кои многу се носеа во 80-тите години. Најчеста примена имаат кај кошулите и фустаните, а сè почесто се среќаваат и кај јакните и мантилите.
Иако изгледаат гломазно, изненадувачки многу ја истакнуваат нежната и женствена страна. На стајлингот му даваат романтичен и поетичен шмек. Најчесто се со должина под лактот, но има и пократки и подолги варијанти. Креативните модни блогерки веќе ги носат како составен дел во повеќеслојните комбинации за оваа пролет. Ви нудиме неколку идеи како да ги комбинирате моделите со воздушети или балонести ракави.
Нема коментари