Новите трендовите се раѓаат кога се кршат модните правила, кога се експериментира, се оди чекор напред во комбинирањето и ѝ се препуштаме на имагинацијата. Играта со спојување на различни парчиња може да донесе носи идеи, начин на себеискажување и комуницирање со околината. Правилата некогаш се менуваат и кршат, токму со прекршени нетипични, односно асиметрични парчиња.
Асиметричките креации не се новина во уличната мода , ниту пак во колекциите на популарните брендови. Оваа сезона веќе се носат парчиња со разигран крој како: карнери, модели на преклоп, лелеаво, ракави со нагласен волумен и повеќеслојни комбинации.
Покрај видливо нерамносочиените дизајни, балон фустаните, здолништата со пресеци, и кошулите со нерамно закочување, оваа пролет доста ќе се носат, шпанските здолништа и фустани со еден долг крај и длабок шлиц, панталони и џемпери со нерамни завршетоци, кошули и фустани на преклоп, молив здолништа во неколку слоја и друго. Може да ги комбнирате со едно класично парче, како на пример, едноставна бела кошула со раиграно здолниште, класични панталони со копула со карнери или нерамен крој… Може да носите и неколку арсиметрични креации, кои ќе направат интересен и неочекуван нов моден баланс.
Нема коментари