Сè што ви треба ова лето за на плажа се добар костум за капење, сандали, шешир и еден впечатлив кафтан. Овој фустан без крој, кој удобно паѓа на телото, и по повеќе часа изложени на сонце ќе ве заштити од изгореници и истовремено прави да се чувствувате удобно и свежо.
Кафтан фустаните во различни должини и со најралични шари, бои и принтови се едни од најзастапените парчиња во летните колекции на светските модни брендови. Се поклопува и со актуелизирање на бохо-стилот од 70-тите години. Еден од омилените брендови за сеојдневна облека, H&M понуди широка палетан на кафтани за поволни цени. Во продажните салони регионот може да се набават од 500 до 3000 денари, во зависност од дезенот и материјалот од кој е направен. Најчесто се среќава од лен, чоја, вискоза и од свила. Должините се до и под колена, до глужд како и доста кратки.
Понудени се еднобојни, креации со минимален принт, но и такви збогатени со многу шари и бои. Боите се посмирени: бела, окер-жолта, темно портокалова, зелена, темносина, нежнорозова, кафена и црна. Шарите се движат од модели со пруги и цик-цак линии, па сè до креации со тропски принт. Ви нудиме избор од 15 модели, во кои ќе изгледате модерно и убавно на плажа, а ќе можете да ги примените и во градска средина.
Нема коментари