Утре почнува Скопскиот филмски фестивал со премиерата на „Медена ноќ“ на македонскиот режисер Иво Трајков со Никола Ристановска и Верица Недевска во главните улоги. Филмот е снимен во македонско-чешка копродукција, инспириран е од новелата „Уво“ на Јан Прохаска, еден од најдобрите сценаристи во историјата на чешката кинематографија,сместен е во раните 90-ти години во Скопје, а зборува за брачната криза на Никола, заменик-министер,и неговата сопруга Ана. Еве го трејлерот како најава за филмот, па кој е заинтересиран премиерата е утре во 20 часот во кино „Милениум“.
Нема коментари