Филмот „Пан“ премиера ќе има следната година, но деновиве се појавија трејлерот и фотографии кои најавуваат моќна кинематографија и спектакуларна сценографија, а доста впечатливи се костимите на Руни Мара која ја глуми Лили Тигрицата. Филмското дело на Џо Рајт нуди една поинаква верзија на приказната на Џејмс Бари за Петар Пан, момчето што не сака да порасне, а во филмот се појавуваат Хју Џекмен, Аманда Сејфрид, Гарет Хедлунд, дебитантот Леви Милер и супермоделката Кара Делевињ.
Нема коментари