Дизајнерот Валентино Гаравани напиша љубовно писмо кон родниот Рим подготвувајќи couture костими за Вердиевата „Травијата“ во изведба на Teatro dell’Opera di Roma и во режија на Софија Копола. Американската режисерка првпат режира опера, а костимографијата Валентино ја создаде заедно со дизајнерите Марија Грација Кјури и Пјерпаоло Пичоли, креаторкиот тандем кој сега креаира за модната куќа што го носи неговото име. Претпремиерата на „Травијата“ се случи деновиви, а на настанот во Рим се појавија многу познати личности како Кира Најтли, Моника Белучи и Кристијан Лубутан.
Дизајнерот Валентино отсекогаш бил фасциниран од операта и од ремекделото на Верди. „Травијата“ била првата опера што Гаравани ја гледал во животот, па затоа овој проект за него е како остварување на сонот. Гаравани ги креира костимите за главниот лик Виолета, а Кјури и Пичоли за останататите главни ликови. Сценографијата е на Нејтан Кроули кој работел на неколку филмови за „Бетмен“. Се очекува „Травијата“ во оваа продукција да биде изведена уште 15 пати до крајот на јуни.
Нема коментари