По поводот јубилејната петта година на Trash Fashion Macedonia, една недела пред официјалнот настан, ќе има промотивна изложба во кафе барот „Цреша“ со наслов „Дизајнерите за Trash Fashion Macedonia 2015” во која ќе учествуваат Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Драган Христов – Лудус и Билјана Клекачкоска. Тие ќе претстават свој дизајн на шапка изработена со реупотреба на материјали, а целта е да се покаже дека македонските дизајнери се свесни за животната средина и дека умеат да работат со нестандардни рециклирани материјали. Изложбата почнува во 20 часот, а на настанот музика ќе пушта Андреј Мицајков.
Целта на Trash Fashion Macеdоnia е на иновативен начин да ги поттикне и анимира младите да ја развијат свеста за заштита на животната средина, собирајќи го отпадот околу нив и да креираат оригинални модели преку неговата реупотреба. Trash Fashion Macedonia е единствен настан од ваков вид во Македонија, за кој покрај македонските медиуми, објавуваат и повеќе светски медиуми како The Telegraph, Guardian, World Fashion и Gironalettisimo.
Нема коментари