Актерката Џенуари Џонс ги покажува своите актерски способности не само во серијата „Маркетинг директори“, туку и во новата фотосесија на магазинот за убавина Violet Gray, во која прави неколку бјути трансформации.Уредниците на магазинот ја поканија на „серија на пробни бјути тестови“, во кои актерката се трансформира во шест различни ликови, од корпоративна шефица до девојка дотерана за гала настан. Фотографиите ги направи Алекс Кејли, а за фризурата и шминката се погрижија Мара Розак и Рејчел Гудвин. Џонс кариерата ја почнала како манекенка и денес важи за конвенционално атрактивна жена, но во интервјуто во Violet Gray открива дека во средношколските денови не била задоволна од својот изглед и се мачела поради тоа. Но, како и во многу ситуации во животот, и во приаќањето на својот изглед потребна ви е самодоверба. Затоа актерката ги охрабрува младите девојки да се чувствуваат сигурни во себе, без разлика на нивната возраст или изглед.
Нема коментари