Познатата актерка Џесика Ланг позираше како Фрида Кало, Џенис Џоплин, Марлен Дитрих, во фотосесија за NY Magazine. Во едиторијалот таа беше успешно транформирана и како сликарката Џорџија О`Киф, модната уредничка Дајана Вриленд, философката и писатлека Симон де Бовоар, актерката Ме Вест и како феминистката и новинарка Глорија Стајнам. Идејата е преку фотосесијата Ланг да ги прикаже некои од најзначајните жени на 20 век, успешно копирајќи ги нивните познати фотографии.
Џесика Ланг како актерка повеќе пати има направено трансформација за потребите на некој лик, па оваа задача не беше ништо ново за нејзе. Ланг од 5 март ќе ја гледаме во новата телевизиска серија на Рајан Марфи, „Караница“ (Feud), во која заедно со Сузан Сарандон ќе ги глумат актерките Џоан Крафорд и Бет Дејвис. Серијата ќе се осврне на долгогодишните расправии и нетрпеливоста меѓу познатите холивудски актерки Крафорд и Дејвис.
Нема коментари