Гвинет како Одри Хепберн, Мадона, Брижит Бардо и Фара Фосит во новата рекламна кампања на козметичкиот гигант Max Factor ја покажува моќта на шминката со нејзина помош да се трансформирате во посакуван стил или личност. Холивудската актерка во новата мејкап-кампања е фотографирана со златна шминка и светкава облека во стилот на 70-тите за да потсетува на Фосит, има подигната пунџа и нагласени очи како Одри, потоа е нашминката со јака шминка во стилот што нејзината поранешна пријателка Мадона го маше во 80-тите, а на една фотографија е трансформирана во Бардо. Шминкер во кампањата е Пет Меграт, глобален креативен директор на Max Factor.
Нема коментари