Веста за самоубиство на дизајнерката Лорeн Скот е последна во низата на апсурдните трагични краеви на личностите во модата. Убиство, самоубиство и прерана смрт – и тоа е составен дел од модата. Прочитајте повеќе за шокантната смрт на некои од звучните имиња од модата.
1 . Џани Версаче
Италијански моден дизајнер Џани Версаче беше застрелан од серискиот убиец Ендрју Кунанан во 1997 година. Убиството се случи пред домот на 50 -годишниот Версаче, палатата наречена Casa Casuarina во Саут Бич , Флорида. Версаче помина скоро две децении во модниот свет и беше познат по неговите дизајни како секси фустани и парчиња со впечатлив принт. Негови клиенти (и пријатели) беа сите од Мадона до принцезата Дијана. Модната етикета „Версаче“ продолжи да работи и по неговата смрт, а на нејзино чело е неговата сестра Донатела Версаче.
2.Александар Меквин
Смртта на дизајнерот Меквин беше објавена во попладневните часови на 11 февруари 2010 година. Во утринските часови, неговата домаќинка го најде како виси во неговиот дом на Green Street во Лондон. Меквин почина неколку дена пред Лондонската модна недела, иако тој не беше на распоредот, и девет дена по смртта на неговата мајка, Џојс, која почина од рак. Дејвид Лашапел, фотограф и пријател на дизајнерот, рече дека Меквин „земал многу лекови и беше многу несреќен” во времето кога се случи трагедијата.
3. Ози Кларк
Ози Кларк, 54 -годишниот британски моден дизајнер, беше избоден до смрт од страна на поранешниот љубовник во 1996 година. Кларк беше познат во 60-тите и 70-тите години , кога клиенти како Мик и Бјанка Џегер ги носеа неговите дизајни. Креациите на Кларк опфаќаат широк спектар на изгледи, вклучувајќи и извонредни принтови , комбинезони и фустани од хартија.
4 . Џанпаоло Тарабини Кастелани
Џанпаоло Тарабини Кастелани, ко-основач на италијанската модна куќа „Блумарин“ (Blumarine) беше прегазен до смрт од слон, додека бил на сафари во Африка во 2006 година. Тарабини имаше 67 години. Брендот „Блумарин“ наменет за младите луксузни клиенти, Тарабини го основа во 1977 година заедно со дизајнерката и сопруга Ана Молинари.
5 . Изабела Блоу
Изабела Блоу, 48 -годишната англиска уредничка и стилка икона, изврши самоубиство во 2007 година, по бројни претходни обиди. Блоу се стекна со статусот икона поради нејзината способност да ги забележи и негува младите дизајнери како Александар Меквин и Филип Трејс, со кого таа имаше долгогодишна соработка со носење на неговите незаборавни шапки. Блоу страдаше од рак на јајниците и биполарно растројство.
6. Хелмут Њутн
Модниот фотограф Хелмут Њутн имаше 83 години кога со својот автомобил удри во ѕид во паркиралиште близу хотелот „Шато Мармонт“ во Лос Анџелес. Беше тоа во 2004 година. Германскиот фотограф е познат по неговата силно остра модна фотографија полна со прововакивност и сексапил.
7. Рудолф Мошамер
Шеесет и четири годишниот германски моден дизајнер Рудолф Мошамер беше пронајден мртов во неговиот дом во Минхен во 2005 година. Ирачанец подоцна го призна убиството на дизајнерот. Мошамер создаваше екстравагантна и луксузна машка облека за клиенти како Арнолд Шварценегер и магионичарското дуо Зигфрид и Рој.
8. Криста Вортингтон
Модната писателка Криста Вортингтон, 46, беше убиена во својата куќа во Кејп Код, Масачусетс во 2002 година од страна на собирач на ѓубре. Вортингтон пишуваше за познати модни публикации како Elle, WWD, Harper’s Bazaar и New York Times.
9. Руслана Коршунова
Дваесет и едно годишната манекенка Руслана Коршунова се самоуби со скок од нејзиниот стан на Менхетн во 2008 година. Коршунова се појави на насловните страници на францускиот Elle и рускиот Vogue и во реклами за големи дизајнери како Марк Џејкобс.
10 . Кристијан Диор
Францускиот моден дизајнер Кристијан Диор почина од срцев удар во Италија во 1957 година. Има неколку претпоставки за причината за смртта на 54 -годишникот: причината за неговиот срцев удар се припишува на гушење од рибина коска, игра со карти и напорен секс. Диор ја револуционираше женската мода по Втората Светска војна со својот „Нов изглед” (New look), сo кој создаде сладострасна, заоблена силуета. Тогашниот асистент на Диор, Ив Сен Лоран, ја презеде дизајнерската задача по неговата смрт. Куќата на Диор продолжува и денес да работи успешно.
11 . Мадам Гре
Трагедијата за смртта на Мадам Гре (Жермен Емили Кребс) во 1993 година беше во тоа што нејзината ќерка ја криеше веста од јавноста една година, за инает на модниот свет кој таа мислеше дека ја имаше разочарано. Мадам Гре, француската дизајнерка, се стекна со популарност во 30-тите со нејзините кутур-фустани и имаше долга кариера со мајсторски дизајнираните деколтирани фустани и грчки наметки. Нејзин белег беше ангорскиот жерсе турбан кој го носеше.
Нема коментари