Здружението МАТА го најавува новото издание на КрафтАрт базарот за 11 декември, базар што традиционално се одржува на седмиот кат во скопскиот хотел „Арка“. Повеќе од 30 креативни занаетчии и ракотворци ќе се претстават со рачно направени производи и додатоци, меѓу кои рачно изработен накит, производи од стакло, чанти и модни додатоци. Производите ќе бидат на продажба од 10 до 20 часот, а влезот е бесплатен.
Нема коментари